Машката ракометна репрезентација на Македонија, ги стартуваше подготовките за бараж натпреварите со Австрија, преку кои ќе се обиде да избори пласман на Светското првенство, кое во јануари следната година ќе се одржи во Шпанија.

Според планот на селекторот, репрезентативците ќе тренираат два пати дневно во термините од 10 и 18 часот, периодот до одигрувањето на првиот меч селекторот нема да го искористи за одигрување на некој контролен натпревар.

Бараж натпреварите со Австрија македонската репрезентација ќе се одиграат на 9. и 16. јуни, Македонија ќе биде домаќин на првиот меч, а на вториот ќе гостува во Виена.