Македонската кошаркаска репрезентација до 20 години на осмото место ги заврши натпреварите на ЕП – Б дивизија во Романија.
Откако вчера бевме поразени во мечот за петто место од Романија 72-59 денес црвено – жолтите претрпеа пораз и во мечот за седмо место од Холандија со 52-69.
Македонските кошаркари кои беа на седум секунди до полуфиналето на крајот ќе мора да се задоволат со осмото место.










