Македонската футсал репрезентација со значајна победа ги започна квалификациите за СП 2012г. На стартот минимално со 2-1 совладана селекцијата на Црна Гора со головите на Јовановски во 12-тата и Љубомир во 26м. За гостите стрелец беше Вукчевиќ во 36м. Средбата се одигра во одличен амбиент во Велес пред повеќе од 2500 гледачи.


– Задоволен сум од победата и пред се од однесувањето на играчите кои ги исполнија сите тактички задачи. Очекувано натпреварот беше доста тврд . Знаевме како играат црногорците но ние на време го отворивме резултатот, игравме добро поведовме со 2-0 и потоа рутински ја завршивме средбата . Најважно е што ги освоивме планираните три бода. Очекувам така да продолжиме и утре против Швајцарија и со 6 бода да влеземе на дербито со Франција в недела. Им благодарам на велешани кои направија извонредна атмосфера и едноставно не мотивираа дополнително во овој реков тврд и тежок меч – изјави селекторот Васко Скендеровски по мечот.

Во првиот натпревар од групата Франција убедливо со 7-0 ја торпедира Швајцарија.

Утре исто така во Велес Македонија игра против Швајцарија (20.30), додека во првата средба во 18.00 играат Франција и Ц.Гора.

Ohridnews