Од другата страна на Охридското езерото, во Поградец најдобрата македонска фудбалска репрезентација се подготвуваше за пријателскиот меч со најсилната репрезентација на Албанија.


Селекторот Јонуз на претпладневниот тренинг на теренот на локалниот второлигаш Поградец, “Ѓорѓи Кучуку“ , го одработи во некомплетен состав со 16 од повиканите 18 фудбалери. Првиот тренинг го пропуштија македонската единица Един Нурединовски и бранителот Ванче Шиков.


На натпреварот со Албанија селекторот Јонуз ќе изведе еден комбиниран состав во кој ќе има неколку повратници, неколку фудбалери кои беа под палката на Јонуз во У21 составот, а шанса за деби настап ќе добијат и неколку играчи во македонското првенство .


– Секој еден фудбалер кој поседува квалитет ќе има можност тоа да го покаже, а ваквите пријателски средби ќе бидат шанса за нив, очекувам да се засили и конкуренцијата во сите линии во тимот.  Во текот на овие квалификации ние мора да мислиме на се`, на повреди на жолти и црвени картони, како и да создавме тим за иднината. Овие натпревари треба да ја покажат нашата перспектива, и да се види со што располагаме, ваквите натпревари се место каде што може да се искористи шанса сите да се испробаат. Тие што не се тука се испробани и докажани и стандардни репрезентативци и во овај турбо ритам “среда – недела“ кој е доста напорен ги ослободивме – рече селекторот Јонуз на претпладневниот тренинг.

Од Поградец, Албанија
М.Постоловски
фото: Емилио