Со зголемување на температурите се зголемува ризикот од избувнување пожари на отворени места. Центарот за управување со кризи упатува апел до граѓаните кои во овој период бараат спас од летните горештини во природа да внимаваат при посетa на излетничките места или доколку спроведуваат работни активности во шумите и други локации кои се со обрасната или необрасната шума, да не користат запаливи материи, кои можат да предизвикаат пожар од пошироки размери.

-Истовремено, ги потсетуваме граѓаните, доколку забележат одредени сомнителни места во кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 195, како број за итни повици на Центарот за управување со кризи. Апелираме до населението овој број да не се злоупотребува за лажни повици, кои би предизвикале несакани последици по мирот, спокојството и безбедноста на граѓаните.-стои во апелот на Центарот за управување со кризи.

OhridNews