Службите при ЈП Комуналец продолжуваат со активностите за разубавување и уредување на централното градско подрачје.


Од неодамна висечки жардиниери ги красат и канделабрите на градското пристаниште кои само го надополнаа прекрасниот амбиент во центарот на градот кој секојдневно се збогатува со нови парковски решенија.

Секојдневно се одржуваат и уредуваат и сезонското цвеќе, украсните декоративни грмушки и дрвја во градскиот парк, кој е омиленото место за одмор на охриѓани и гостите во градот.

OhridNews