Стружанецот Здравко Цветаноски ќе има чест да го води Охрид низ мечевите во “повратната“ сезона во првата лига. Охрид нема гледано прволигашки фудбал 15 години, а по успешната сезона во второто по класа друшвто, годинава се селат во елитата.


– Среќен сум што ќе имам можност да работам во клуб кој ќе се натпреварува во Првата лига. Задоволен сум од договореното со амбициозната охридска управа и се надевам деке ќе имаме долга и успешна соработка – рече новиот шеф на струката во Охрид, стружанецот Здравко Цветаноски.

Цветаноски првата средба со “рибарите“ ќа ја има попладнево (18 часот) за кога е закажан и стартот на подготовките за новата сезона. На прозивката се очекува да присуствуваат сите фудбалери кои во наредната сезона ќе го носат дресот на Охрид.

– Поголемиот дел од фудбалерите добро ги познавам, а со дел исто сум имал и диреткна соработка. Очекувам да се задржи костурот на тимот, а екипата да ја засилиме со нови три – четири фудбалери – истакна Цветаноски.

По првиот собир ќе биде обелоденет планот и програмата за подготовките кои ќе се одвиваат во Охрид.

М.П.