Првата контрола на “белите“ во предсезоната против Тирана која заврши без победник 0-0, му влеа позитивна надеж на стратегот на “рибарите“ Здравко Цветаноски дека овoј тим има потенцијал да се носи во Првата лига.


Задоволен сум од одиграното на првата тест средба.  Да бидам искрен и јас бев пријатно изненаден од од тоа како одгигравме и како се движеше екипата. Имаме добар потенцијал и само со макотрпна работа може да составиме добар тим за Првата лига – рече Цветаноски .

Цветаноски истакна дека е задоволен од новајлиите во составот, Брадониќ, Толески, а деновиве ја очекуваат и разврската околу евентуалниот ангажаман на играчот за врска Климент Настоски.


Стружанецот се уште не може во целост да смета на стандардните првотимци кои го понесоа товарот минатата сезона. – Јас кога дојдов сакав да ги задржам сите фудбалери, меѓутоа некои други моменти од финасиска гледна точка се испречија и јас не можам ништо да им гарантирам. Двајцата Клечкароски Игор и Дарко кои се од Струга се уште не се дојдени на тренинг, а ние веќе 15 дена работиме,  во кој дел од подготовки се и самиот не знам.Кога и дали и ќе се приклучат на екипата не знам, и но исто така дали ќе успеат да ги стигнат овие фудбалери кои подолго време напорно работат – вели Цветаноски.

Дефанзивниот играч за врска Дарко Клечкароски кој поради повреда на коленото го пропушти финишот на сезоната, се уште не се приклучил на охридскиот тим. Тој истакна дека со влезот во Првата лига е направен голем успех, наспроти сите проблеми со кои се соочиле во текот на сезоната. Клечкароски најави напуштање на охридскиот тим.

Од Охрид досега никој не ме контактирал и најверојатно ќе ги сменам клупските бои. Млад  сум има уште доста да учам и сакам да напредувам во мојата кариера – вели корпулентиот Клечкароски.


Охриѓани до стартот на шампионатот ќе одиграат двомеч со  албанскиот прволигаш Поградец, потоа на 16ти јули ќе ги одмератт силите со 11 Октомври, а дополнително ќе биде закажана  пријателска средба со Силекс кој ќе се подготвува во Охрид.

М.П.