Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина, 5-ти Јуни, денеска во Охрид се одбележува проектот „Цветни балкони – цветен Охрид“.

300 жардинери со саксиско цвеќе ќе бидат поделени на жителите од улиците „Момчило Јорданоски“, „Марко Цепенков“ од пресекот кај Стобекс до кружниот тек кај болницата, ул. „Вангел Николоски“, ул. „Дебарца“, ул. „Александар Гушо“, ул.„Трајче Дојчиноски“, ул „1-ви Мај“, ул. „1-ва Македонска ударна бригада“ од пресекот со ул. „ Питу Гули “ до Стобекс, кои претходно се запишале на список во Одделението за заштита и влијание на животната средина при општина Охрид.

Инаку, Светскиот ден на животната средина е прогласен во 1972 година, а се одбележува во повеќе од 100 земји во светот.

OhridNews