
Македонија бележи постојано намалување на бројот на заболени од туберкулоза. Во 2008 бројот на заболени од туберколоза е намален на 483, соопшти Институтот за белодробни заболувања.
Највисок процент на заболени има во Азија -35 отсто и во Африка -25 отсто.
ТБ-пандемијата значително се зголемува и како последица на големиот број резистентни случаи на туберкулоза и смртната комбинација меѓу туберкулозата и ХИВ инфекцијата. Бројот на болните со ТБ/ХИВ се проценува на околу 12 милиони, а 70 проценти од нив се во субсахарска Африка и 20 отсто во Азија.












