Најголемиот тур-оператор во Европа, „ТУИ“, ќе врши запуп на аранжмани за охридската ривиера во наредните три години, соопшти Владата. Претставници на хотелиерите од Охрид и на „Туи – Холандија“ викендов потпишале договор за закуп на аранжмани за 2012, 2013 и 2014 година.

„ТУИ “идната година планира да продаде над седум илјади аранжмани, а најавви и зголемување на редовните чартер-летови од Холандија до Охрид.

Претставници на холандскиот тур-опеаратор денеска во просториите на Владата се сретнаа со  вицепремиерот Владимир Пешевски, на која се разговарало за начините за подобрување на туристичката понуда на Македонија.

„ТУИ – Холандија“  во 2010 компанијата реализирала  1,3 милиони аранжмани на холандскиот пазар, со вкупен обрт од 1,4 милијарди евра.  Тур-операторот „ТУИ“ кој има 150 авиони и 49.000 вработени, оперира во  180 земји и сервисира над 30 милиони туристи.

За кус период ова е втор тригодишен договор за закуп на аранжмани што го потпишаа охридските хотелиери. Претходно своето присуство на пазарот во наредните три години го потврди тур-операторот „Корендон Интернешнл“ , кој веќе оперира во Македонија.

OhridNews