Автопатот од Охрид до Кичево, што го најави Владата, ќе почне да се гради во 2014 година и треба да биде готов за три години. OhridNews ги истражи деталите што се ќе содржи автопатот. Вкупната должина изнесува 56,7 километри. Ќе има две ленти по 3,75 метри во правец, лента за застанување од 2,5 метри, како и рабни летни и банкини по целата должина. Помеѓу двата коловози ќе има разделен појас во должина од 3 метри. Автопатот ќе има 6 натпатници, 13 потпатници, 22 мостови – вијадукти, 7 армирано бетоснки мостови, како и тунел под планинскиот превој Пресека со две цевки за двата правци во должина од 1990 метри.
Законот за изградба на автопати, меѓу кои Охрид – Кичево деновиве влезе во собраниска процедура, по што се очекува да започнат конкретни активности за реализација на овој проект. Според пратеникот од 5-та изборна единица, Александар Николоски, изградбата на автопатот Охрид – Кичево е од исклучително значење како за граѓаните, така и за развој на економијата во овој регион.
-Автопатот ќе значи побрзо поврзување на Охрид, посигурно патување, но исто тата силен импулс за брз економски и туристички развој. Граѓаните на Охрди и на останатите ошпштини опфатени со автопатот треба да знаат дека проектот покрај долгорочен има и краткорочен силен финансиски бенефит. Имено согласно законот најмалку 49% од работите треба да ги изведуваат подизведувачи од Македонија, а најмалку 51% од тие што ќе работат на изградба да се од Македонија, тоа значи дека голем дел од средставта ќе останата дома, а ќе се отворат за брзо голем број работни места. Се надевам дека за три години со гордост ќе можеме да ја пресечеме лентата на автопатот и сите заеднички да ги ползуваме неговите придобивки, а денешното усвојување во Собранието на република Македонија на законот за изградба на автопатот преставува отворање на вратата за изградба на автопатот.“-изјави Николоски.
Опозицијата во рамки на собраниската расправа изнесе низа забелешки за законот и условите за изградба на автопатот Охрид-Кечево и Скопје Штип, двата во вкупна должина од 100 километри, посочувајќи дека за таа намена државата ќе потроши една милијарда евра. Покрај кредитот од државната кинеска Експорт импорт банка во висина од 574 милиони евра, државата ќе треба да ја плати и експропријацијата на земјиштето, рече пратеникот Јани Макрадули, кој смета дека цената на чинење по километар од автопатите кои ќе се градат во Македонија е значително повисока од слични проекти изведени во регионот. Тој посочи дека за три години цената на чинење на еден од двата предвидени автопати се зголемила за повеќе од 100 отсто.
Неговиот колега Марјанчо Николов, пак, праша зошто државата одлучила да ја ослободи кинеската компанија која ќе ги гради автопатите од давачките за данок на додадена вредност и акциза.
Пратеникот од владејачката ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски смета дека условите на кредитот од Кина, предвидената динамика на градење, како и цената на чинење на двата автопати се исклучително поволни.
-Вкупната вредност на двата автопати е 574 милиони евра, а вкупниот рок за изградба е само 3 години што е еден од најкратките рокови за иградба на автопати. Иградбата на автопатот за мене како пратеник претставува гордост на реализиран најкрупен проект, но и одолжување кон граѓаните на Охрид и 5тата изборна единица кои ни ја даваат подршката. Во услови на светска економска криза кога заради зголемени цена на нафта, намален проток на возила, немање слободни финансиски средства како и вискоки камати на комерцијалните банки да се изнајде можност за кредит со само 2% камата е навистина исклучително постигнување. – рече Николоски.
На законот за автопати се работеше 2 години, а нему му претходеше договор за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина, како и меморандум за соработка. Првично државата неколку пати безуспешно се обиде да изнајде заинтересиран инвеститор кој ќе го гради автопатите во земјава по принципо на концесија, по што таа реши предвидените инфраструктурни зафати да ги реализира со кредит од Кина, а градежните работи ќе ги изведува исто така компанија од Кина со подизведувачи од земјата.
OhridNews