Васил Тупурковски  е ослободен од обвинението во повторениот процес за тајванските кредити. Вака вчера одлучи Основниот суд Скопје 1, кој пред четири години го осуди поранешниот лидер на Демократската алтернатива и вицепремиер Васил Тупурковски, на три години затвор за злоупотреба на тајванските кредити.

Според судот нема доволно докази да се потврди обвинението дека Тупурковски како директор на Агенцијата за обнова и развој проневерил 2.4 милиони евра од тајванската кредитна линија. Од обвинението ослободен е и Јован Андонов-Реган кој претходно како соизвршител на Тупурковски доби две години затвор.

Судот и двајцата ги ослободи од обврската да ги вратат парите од кредититре како што беше решено со претходната одлука.

OhridNews