Група туристи од Финска кои биле на излет на островот Голем Град на Преспанското Езеро во организација на  агенцијаta „Лале Турс од Пештани доживеа непријатна случка  откако на враќање ги зафатило големо невреме.

Тие не можеле да се вратат назад и побарале помош од ресенската полиција која околу 23,30 часот синоќа ја алармирала граничната единица во Стење од каде во спасувачка мисија била упатена езерската патролна.

За случајот била известена и Единицата за специјални задачи при МВР на РМ која се наоѓа во х.Крани која околу полноќ  со пловен објект се упатила кон островот. Лицата околу 02,40 часот безбедно се донесени во Полициската станица во Стење, соопшти МВР.

OhridNews