Еден од најчуените италијански мајстори на чокладото, Мирко Дела Векја, ги изненадил и воодушевил вљубениците во скулптурите од разноразни материјали. Од бело чоколадо направил скулптури од најпознатите туристички атракции ширум светот, како Триумфалната Капија, грчкиот Партенон, кривата кула во Пиза, Абу Симбела и чуениот Стоунхенџ. За да створи вакви неверојатни дела биле потребни огромно трпение и самоконтрола.
Репликата на гробницата во Абу Симбела, која е изградена за време на владеењетр на фараонот Рамзес Втори во 13 век пред нашата ера, која фараонот ја направил за себе и за својата кралица Нефертита, била направена до најситни детали. Тој исто така многу вешто успеал да ја долови истрошеноста на камењата на неверојатниот Стоунхенџ.