Продолжува новогодишното украсување на Охрид. На светилките в долж булеварот „Туристичка„ се поставуваат лампиони, а со несмален интензитет продолжува разубавувањето и во центарот на градот.
Целокупното украсување треба да заврши деновиве кога Охрид целосно ќе блесне во празнично руво.
Во меѓувреме продолжуваат подготовките за одбележување на Нова година на градскиот плоштад, каде според најавите треба да настапи звучно име од балканската естрада. Деталите околу новогодишната програма се очекува да бидат соопштени наскоро.
OhridNews