По повод големата Конференција за туризам што од 10 до 12 септември ќе се одржува во Охрид и Скопје , денес градоначалникот Никола Бакрачески оствари работна средба со еден од покровителите, регионалниот директор  за Европа на Светската туристичка организација  UNWTO, Изабел Гарања.

На средбата, Бакрачески истакна дека општина Охрид ќе ја даде целата логистичка поддршка во поглед на непречена организација на оваа меѓународна туристичка конференција.

„Фактот што Охрид ќе биде домаќин на  ова значаен меѓународен настан,  укажува дека во есенскиот период  очекуваме бројни елитни гости , кои ќе обезбедат туристичко пулсирање надвор од главната туристичка сезона.“ – велат од општина Охрид.

Директорката Гарања го информира градоначалникот за суштината и важноста  на Конференцијата за туризам, која што покрај туристички и економски, има и силен политички дел.

OhridNews