Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот учествува на туристичкиот саем во Ниш, Србија со сопствен изложбен простор на кој се презентираат туристичките капацитети и можности кои ги нуди земјава.

Во духот на добрососедство и подобрување на работната клима што е предуслов за развој на туристичкиот сектор, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија на саемот во Ниш, Србија покажува дека е отворена за соработка и размена на искуства со чинителите од српскиот и регионалниот туристички пазар. Српските туристи со во првите пет странски посетители во Македонија со вкупно остварени 72 338 туристички посети и релизирани 138 664 ноќевања за 2024 гoдина, предвидувањата се исти и за оваа туристичка сезона, потенцира директорката на АППТ, Стефаноска.
Туристичката организација Ниш, под покровителство на Град Ниш, го организира 25. Меѓународен саем за туризам во периодот од 4 до 6 април 2025.

OhridNews












