Природните потенцијали и уникатното културно богатство на Охрид како атрактивна туристичка дестинација се промовираат на 44. Меѓународен саем за туризам во Белград, Србија кој се одржува до 26-ти февруари.
Делегацијата на Општина Охрид која е дел од годинешното саемско претставување на српскиот пазар, ја предводи градоначалникот Кирил Пецаков.
Заедно со претставниците Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, претставниците на ХОТАМ и останатите туристички чинители, ќе ја презентираме туристичката понуда за 2023-та година и ќе оставариме средби со туроператори од регионот, информираат од Општина Охрид.

На Саемот за туризам во Белград 2023 беа потврдени следни конкретни чекори за уште подобра соработка. Договорени се презентации на македонските и српските туроператори и B2B средби во април, информативни патувања на медиумите од Србија во Македонија, први подготовки со градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков за презентација на Охрид во Белград во втората половина од април, како и посета на студентите за туризам од УТМ – Скопје, информираат од Конзулатот.

На саемот за туризам во Белград кој оваа година се одржува под слоганот „Кога е одмор, не е тешко“ се презентираат околу 350 изложувачи од 33 земји.
OhridNews











