Два туристички инфо центри ќе бидат поставени пред почетокот на туристичката сезона. Како што информираат од Секторот за туризам при Локалната самоуправа, едната од предвидените две локации е на влезот на Охрид, а другата во Пештани. 

Инфо центрите ќе нудат основни информации за градот, културно- историските споменици, сместувањето, а ќе се продаваат и сувенири.

Предвидено е да бидат поставени вкупно пет инфо центри, од кои еден и на Плаошник и во Косел.  За да завршиме со поставувањето на инфо центрите пред почетокот на сезоната, ќе ги поставиме првите два, а подоцна и останатите, вели раководителот на Секторот за туризам, Гоце Симоноски.

Денес општина Охрид го објави огласот за прибирање понуди за изградба на двата туристички инфо центри. Објавени се огласи и за Организација на настани и презентација на меѓународни туристички берзи и саеми, набавка на печатен промотивен материјал за промоција на туризмот, како и набавка и поставување на улични рабници.

OhridNews