Претставници на туристичкиот кластер на Југозападна Македонија – „ЕДЕН“, Центарот за регионален развој на Полошкиот регион , кластерот за туризам „Шари “ од Полог и „Тиквешеки вински пат “ реализираа студиско патување во Хрватска, каде имаа можност да се запознаат со најдобрите практики од областа на туризмот,а со поддршка на  ГИЗ РЕД програмата за регионален економски развој на Германското друштво за меѓународна соработка.


–  Кварнер и Истра како водечки туристички региони во Хрватска беа полн погодок за престојот на македонската студиска група. Непосредно се уверивме како и на кој начин овие региони бележат рекорди во туристичкиот промет и како се управува со туристичките дестинации, со надеж дека виденото и наученото наскоро ќе може да биде применето и во Македонија. Од домаќините го слушнавме рецептот за успешна соработка меѓу академската заедница, јавниот и приватниот сектор со акцент на значењето на обединувањето како најважен инструмент во развојот на туризмот, велат од Туристички кластер на Југозападна Македонија   „ЕДЕН“ .


Македонската група оствари бројни работни средби со претставници на туристичките заедници на национално, регионално и локално ниво во повеќе градови во Истра, а ги посетија и кластерот за медицински туризам во Загреб, кластерот на лозари и винари од Врбник – Крк и винаријата „Кабола“ во Момјан-Истра, при што беше остварена средба и со почесниот конзул на Република Македонија Горан Калоѓера, како и со претставнци на македонската заедница „Илинден“.


–  Хрватскиот  пример на функционирање и заеднички и организиран настап на сите субјекти од туризмот  ни покажа дека  може и треба  да биде применет и кај нас. Така ќе се избегне нашата разединетост, нерационалното трошење пари на пример за туристички промоции без ефекти избегнување на зборот конкуренција, кога сите сме со иста цел. Идентификувајќи конкретни примери кои можат да се пренесат на нашите простори, со  колегите од Хрватска оценивме  дека постои голем простор за идна продлабочена соработка помеѓу двете пријателски држави во областа на туризмот, велат од Туристичкиот кластер на Југозападна Македонија   „ЕДЕН“ .

OhridNews