Пред повеќе од 25 тур-оператори од Финска, претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот го презентираа туристичкиот потенцијал кој го нуди Македонија.

Како што изјави директорот на АППТ, Кристијан Џамбазовски, покрај целокупниот туристички потенцијал на земјава и убавините на Охрид, пред финските турстички агенции, тур-оператори и новинари, биле презентирани  македонската храна и вино.

Од АППТ појаснуваат дека ова е само една од алатките од кои се очекува зголемување на бројот на туристите во земјава.

OhridNews