Македонија како атрактивна туристичка понуда последните неколку години станува дел од редовната понуда на поголем број чешки туристички агенции и тур-оператори, јавува МИА.
Априлските и мајските тури кои ги нудат агенциите во Чешка, за идната година со авионски превоз опфаќаат запознавање на македонскиот главен град Скопје, како и посета на Охрид, нарекувајќи го „Бисер на Балканот“ и разгледи на црквата Св. Богородица, Античкиот театар, Самоиловата тврдина, Св. Климентовиот манастир на Плаошник и црквата на Св. Јован-Канео.
На чешките туристи им се нуди и посета на Преспанското езеро, националниот парк „Галичица“, како и прекрасен поглед на двете езера, Охридско и Преспанско од највисоката точкасе наведува во текстот на МИА.
Покрај археолошкиот локалитет на праисториската населба Заливот на Коските, посетителите на турата на враќање кон скопскиот аеродром ќе имаат можност да уживаат и во прекрасниот поглед на Кањонот Матка, се вели во понудата.
За летните месеци, агенцијата една од чешките агенции ги нуди македонските национални паркови Маврово и Галичица и Охридското „море“.
OhridNews