Туристичкиот потенцијал на Македонија, за прв е претставен на саемот за туризам во Варшава, Полска.

Дирекоторот на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, Јордан Трајков,  истакнува дека земјава ќе ги привлекува полските туристи со нови промотивни материјали на Полски јазик.

После минатогодишните средби меѓу македонските туристички агенции и полските тур оператори, годинава потенцијалот го претставуваме на сопствен штанд. Во рамките на манифестацијата, ќе одржиме презентација пред полските тур оператори и новинари.“ – вели Трајков.

Според Љупчо Михаиловски, економскиот промотор за Полска и Унгарија,  оваа земја една од ретките земји во унијата која покрај кризата има растечка економија.

Полската економија е компатибилна со нашата. Ова е доволен показател за можни позитивни економски односи на повеќе полиња, вклучувајќи го и туризмот. Очекувам  промоцијата  да донесе значително поголем број на туристи во земјава.“ – истакнува Михаиловски.

Инаку, саемот се одржува од 24-ти до 26-ти јануари каде земјава се претставува со свој промотивен штанд.

OhridNews