Во приватното сместување деновиве се бара кревет повеќе. Во пресрет на Илинден кога туристичката сезона во Охрид го доживува врвот зголемен е бројот на гости. Приватните станоиздавачи велат дека деновиве е зголемена побарувачката на апартмани и соби. Слободни кревети се наоѓаат поретко, а дел од сместувачките капацитети се целосно распродадени на подолг период.


Задоволство има и кај хотелиерите, кои оваа година, за разлика од претходните, се речиси целосно  исполнети. Најмногубројни се  гостите од странство, а не изостануваат ниту домашните гости.

OhridNews