Охрид дури за празникот Илинден го достигна врвот на туристичката сезона, која некогаш почнуваше со завршувањето на Балканскиот фестивал и почетокот на Охридско лето, во првата половина на јули. Задоцнетиот туристички бран од над 30 000 гости го преплави Охрид, кој и оваа година мака мачи со лошата инфраструктура, малиот број паркинг места, узурпираните плажи и сместувачките капацитети.
Голем број гости привлекоа Пиво фестот и концертите на познати музички имиња, но угостителите само делумно се задоволни од продолжениот празничен викенд, кој според нив неможе да ја покрие слабата сезона.
-Една ластовичка не ја прави пролетта. Не треба еден ден или два дена во годината да бидат мерило за туризмот, не само во Охрид, туку и во државата воопшто. Многу граѓани, потрошувачи, не избегнуваат заради многу работи, визната либерализација, економската ситуација, но и поради други фактори кои го обременуваат охридскиот туризам. Ги имаме капацитетите и можностите, но потфрламе и за жал оваа туристичка сезона ќе се сведе на еден продолжен викенд за 2-ри Август.-изјави Ерол Сулејмановски од Еснафот на угостители – Охрид.
Подобрување на квалитетот на времето на старите лица, намалување на осаменоста и социјалната изолација, поттикнување на физичката и менталната активност, зачувување и развивање на индивидуалните сп...
Вработените во фабриката „Костал“ постапуваат согласно плановите во услови на случен земјотрес и пожар, а исполнети се и очекувањата за брза и навремена интервенција на службите кои се надлежни во ...
На 30092026 во 20:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред деловен објект во охридското село Куратица бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице врз 47-годишно лице, два...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.