Културното и природното богатство, традиционално подготвената храна и убавото вино ќе бидат главните адути, со кои Македонија ќе се претстави на престижниот саем за туризам „Jata Turisam Expo“ кој од 25-ти до 28-ми септември 2014 година ќе се одржува во Токио, Јапонија.

Со ова саемско претставување ќе продолжат промотивните активности за промоција на македонските туристички потенцијали на светскиот туристички пазар кој ги организира ,,Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот”.

Според распоредот на настани, по претставувањето во Јапонија, македонски изложбен штанд ќе има и на саемот „TTG-Incontri“, кој од 9-ти до 11-ти октомври 2014 година ќе се одржува во Римини, Италија. Од 23-ти до 25-ти октомври 2014 година македонската туристичка понуда ќе биде претставена и на Саемот за туризам во Познан, Полска, а од 3-ти до 6-ти ноември годинава туристичките богатства на Македонија ќе може да ги видат и посетителите на Туристичкиот саем „World Travel Market“ во Лондон, Велика Британија.

Овогодинешните саемски претставувања на македонската туристичка понуда ќе завршат на саемот за туризам во Измир во Турција, кој ќе се одржува од 4-ти до 7-ми декември 2014 година.

Инаку во текот на првата половина од годинава, ,,Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот” ги презентираше нашите туристички можности на саемите во Утрех, Виена, Истамбул, Брисел, Милано, Софија, Балеград, Берлин, Букурешт, Москава и Гетебург.

OhridNews