Република Македонија прв пат годинава има свој промотивен штанд во рамки на „Белградски манифест“, познатиот фестивал на музиката, танцот, филмот, храната, виното, карневалите и фестивалите што деновиве се одржува во горниот и долниот дел на тврдината „Калемегдан“ во Белград.

-Посебен акцент на овој фестивал, кој на едно место ги собира државите што сакаат да ја претстават својата содржина пред српската публика, ќе биде ставен на гастрономијата, македонското храна и вино, односно она за што најмногу се заинтересирани туристите од Србија кога ја посетуваат Македонија, велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

На фестивалот ќе се презентираат најдобите туристички дестинации од Србија и регионот, а присуство, покрај балканските земји, имаат најавено и Турција и Тунис. За оваа година се очекува фестивалот да биде посетен од преку 90.000 посетители.

OhridNews