Туристичките потецијали на Охрид денеска беа презентирани пред туроператори, истакнати туристички работници и претставници на Комората за туризам oд Полска, кои престојуваат во неколудневна промотивна посета на градот.
Особено ме радува можноста пред сите вас да зборувам за нашиот туристички бисер кој е надалеку познат по својата убавина. Ова е град со уникатна природа и непроценливо културно богатство, кое е препознаено како светско наследство заштитено од УНЕСКО. – истакна во обраќањето градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.

Можеме да се пофалиме со голема понуда на современи сместувачки капацитети, кои заедно со долгата туристичка традиција, создаваат услови за развој на модерен туризам. Во согласност со светските туристички текови постојано работиме на поголемо и посоодветно планско и стратешко подобрување на условите за развој на нови форми на туризам и креирање на алтернативна понуда за туристите, како што се посета на рурални подрачја, планинарење, велосипедски тури, летање со палаглајдер, нуркање и спортови со пловни објекти. Кризата кој ја предизвика пандемијата од Ковид 19 остави големи последици врз туристичкиот сектор, па затоа во иднина значително ќе се заложиме за подобрување на состојбите во оваа сфера. – рече Георгиески.

OhridNews












