Културата, традицијата, природните богатства, храната, одличното вино и гостопримливоста на македонскиот народ ќе бидат главните адути со кои Македонија се претстави на саемот за туризам „Mitt“ кој од денеска до 26-ти март 2016 година ќе одржува во Москва, Русија.

Оваа престижна саемска манифестација е еден од најголемите туристички настани во Русија, на кој секоја година се презентираат над 200 земји и региони од Светот. Во 2015 година, „Mitt“ го посетиле 32.162 посетиели.

Инаку во текот на изминатиот период Македонија имаше свое претставување на саемите за туризам во Утрехт, Истанбул, Љубљана, Брисел, Софија, Белград, Берлин и Будимпешта.

OhridNews