
Пред бројните гости, посетители, новинари, дипломати, општина Охрид беше промовирана на централната манифестација преку емитување на промотивни видео материјали на видео бим, преку дистрибуција на печатен промотивен материјал како и на големиот број работни средби, изложби и настани.
На средбите кои ги реализираа претставниците на Општина Охрид, меѓу кои и со градоначалникот на Општина Александровац, Југослав Стајковац и директорката на Туристичката организација, Тања Мајдевац, беше разговарано за натамошно интензивирање на меѓусебната соработка, промоција на туризмот и услугите, унапредување на деловната соработка помеѓу Охрид-град партнер и градот Александровац и размена на искуства преку конкретни проекти и работни средби за едукација и развој на туристички пакети за специфичен пазар.
– Со ваквиот пристап и усвојување на заеднички партнерски и развојни стратегии помеѓу општината Александровац и туристичката организација на Александровац и општина Охрид, се овозможува најдиректен пристап до потенцијалните гости во централниот регион на Република Србија, а Александровац стана најголем промотор на Охридската туристичка понуда, велат од локалната самоуправа.
OhridNews












