На саемот за туризам, што се одржа од 23 – ти до 26- ти  февруари во Белград, од страна на делегацијата, предводена од градоначалникот  Александар Петрески и туристичките работници, беа промовирани туристичките потенцијали на Охрид.

Во големата конференциска сала, на белградскиот саем, туристичките работници од Охрид и Струга оствариле средби со бројни странски туроператори, агенции, гости и новинари.


Со пригоден коктел, вина од винаријата „Сковин“ и охридска музика, промоцијата ја отворил градоначалникот Александар Петрески и партнерот за промоција на Охрид во Србија, Мишо Вујовиќ од Нациналната ревија за  тиризам. При тоа бил поделен пропаганден материјал за Охрид и за хотелско туристичките капацитети на охридското крајбрежје.

Присутните добиле и примероци од специјалното издание на Националната ревија “Туризам 2012“, кој содржи текст за туристичкат апонуда на Охрид, со посебен осврт на црковно народната манифестација „ Богојавление“ .

Како што велат од локалната самоуправа, како резултат на успешното претставување на Охрид и Македонија на саемот во Србија, се очекува и ова лето српските гости да бидат најбројни на охридската ривиера.


Со амбиентална охридска музика, рибни специјалитети, врвни македонски вина од винаријата „ Тиквеш“ , во реномираниот хотел „ Палас“, се одржала и промотивна свечена вечера, на која покрај претставници на македонската амбасада во Белград, присуствувале и туроператори, хотелиери  и угостители новинари, сниматели и фото- репортери од најугледните српски електронски и печатени медиуми.

Од Локалната самоуправа уште информираат дека градоначалникот Александар Петрески и раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој Гоце Симоноски, во текот на трите саемски дена оствариле и бројни гостувања во српските медиуми.

OhridNews