По повод големиот христијански празник Богојавление– Водици, од локалната самоуправа за оваа година најавуваат уште посодржајна и поатрактивна организација на манифестација.

-Традиционалните духовни и верски обичаи во Охрид се понагласено стануваат туристички атракции, пред се, благодарејќи на заложбите на локалната самоуправа и добрата соработка  со хотелско – угостителскиот еснаф и бизнис заедницата во Охрид.Партнерската соработка помеѓу локалната самоуправа, туристичкиот еснаф и верските заедници придонесува кон натамошна афирмација на традицијата и зголемување на интересот на угостителските субјекти од градот за креирање на привлечни понуди и ценовни прилагодувања за сите заинтересирани гости во деновите на прославување на манифестацијата,велат од локалната самоуправа.

Креираните понуди на претставниците на туристичко – угостителскиот сектор ќе бидат објавени на официјалната веб страна на општина Охрид со што ќе достапни за сите граѓани, потенцијални посетители и домашните и странски агенции.

OhridNews