Бројните туристи кои го посетија Охрид во текот на вчерашниот ден, го искористија пријатното време за прошетка по езерото.
Охридските кајчари денеска имаа работа како во летниот период, а се надеваат дека до крајот на неделата туристите ќе останат во градот под Самоиловата тврдина.
Според најавите, Охрид ќе биде полн до почетокот на следната недела, кога завршуваат велгиденските празници.
О.Т.