Високите температури и топлото време, изминативе денови ги измамија туристите на пролетно капење во Охридското Езеро.

Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, времето во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и кон крајот на денот нестабилно со локален пороен дожи и грмежи.

Исто така, ќе дува слаб до умерен ветер, а кон крајот на денот засилен од јужен правец. Максималната температура во Охрид ќе се движи до 25-тиот степен.

Слична прогноза, се очекува и во текот на утрешниот ден, додека од викендов се прогнозира стабилизирање на времето.

О.Т.