Охрид во октомври го посетиле вкупно 32 199 гости, од кои 9 111 биле домашни, а 23 088 се странски. Бројот на ноќевањата изнесува 59 704, од кои 18 741 се од домашните туристи, а 40 963 од странските, покажуваат податоците на Државниот завод за статстика.

Струга ја посетиле 6 917 туристи, од кои 1 870 домашни и 5 047 странски. Биле осварени 11 245 ноќевања од кои 3 275 се од домашните туристи, а 7 970 од странските.

Најмногу странски туристи во октомври 2025 во државава дошле од Турција (18 678), Германија (12 558), Србија (6 154) и Грција (3 781).

Во октомври 2025 година 109 535 туристи оствариле 204 718 ноќевања во државава. Од вкупниот број туристи 21,8 отсто биле домашни, а 78,2 процента странски. Од вкупниот број на ноќевањата во октомври 29,1 отсто се од домашните туристи, а 70,9 отсто од странските.

Во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.6 % така што кај домашните туристи има намалување за 4.2 %, а кај странските има зголемување за 6.4 %.

Н.С.Ј.