Градоналаникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, оствари средба со заменик амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија Н.Е. Роберт Декер. Тема на разговор беше продлабочување на соработката во областа на туризмот. Потенцирано беше дека традицонално Охрид и Кралството Холандија имаат добра соработка во туризмот, информираат од Општина Охрид.
Градоначалникот ги запозна гостите со плановите за развој на градот и унапредувањето на услугите во туризмот.
Се разговараше и за организирање на промотивни активности во Кралството Холандија со цел доближување на убавините и туристичката понуда на Охрид до холандските туристи. На средбата се зборуваше и за организирање средби помеѓу туристичките работници од Охрид и Холандија со цел разменување на искуства, особено во развојот на алтернативниот туризам, се вели во соопштението.

По завршуање на средбата, заменик амбасадорот оствари средба со туристичките работници од Охрид и со претставници на ХОТАМ.
OhridNews












