Непознати сторители ја турнале бистата на револуционерот Гоце Делчев од постаментот во непосредна близина на основното училиште кое го носи името на македонскиот револуционер во струшкото село Подгорци.
Како што информираат од СВР Охрид, бистата не била оштетена и по завршување на увидот истата била вратена на постаментот.
Сличен инцидент се случи и минатата година, кога исто така непознати сторители ја турнале бистата од постаментот, која заради заштита извесен период беше чувана во магацинските простории на училиштето, по што беше вратена на своето место.
OhridNews