Традиционалниот турнир на одбојка кој пет години по ред се одржуваше на охридската плажа “Бафало Бич“ на крајот од јули во Охрид е откажан и пренасочен за првата половина на септември во Скопје.


Во краткото образложение организаторите причина за ваквата одлука ја објаснуваат со зафатеност на македонcките одбојкари.

Промената на термините и локацијата се заради обврските на играчите на одбојкарската репрезентација на Македонија во квалификациските мечеви за Олимписките игри – се вели во соопштението.

Турнирот вообичаено е поделен во неколку категории, компании, рекреативци, младите одбојкари, како и професионалци во сениорска конкуренција. Точниот датум на одржувањето на турнирот ќе биде дополнително одреден.

Ohridnews