Првиот турнир во мал фудбал означи почеток на нова традиција во Вевчани. Пехарот од „првенчето“ замина во рацете на тимот од АСП Пак кој во финалето беше подобар од тимот на Климетица.


Полните трибини, позитивната атмосфера и непрекинатите аплаузи за актерите ветуваат многу во Вевчани, а организаторите ветуваат и следната година турнир со уште побогати награди.


– На сите нас ни е мило што започнавме нова традиција во Вевчани. Сите луѓе дишеа за овој турнир повеќе од два месеци и безпоштедно ни помогаа. Сите ние ветуваме оти и следната година ќе одржиме ваков дури и поубав турнир. – рече Небојша Баткоски.



Индивидуалните награди на турнирот ги освоија Мишо Ѓоргиески (најдобар стрелец), Раиф Мирселоски (најдобар голман) и Ристе Јосифоски (најдобар играч).

АСП Пак победник на турнирот „Вевчани Куп 2015“

Мх.П.