Подготовките за 41-то издание на ракометниот турнир во Струга течат во најдобар ред. На неполн месец пред стартот организацискиот одбор работи со полна пареа да струшкиот турнир блесне во сиот свој сјај.


– Ние уште минатата година кога и ја официјално ја превзедовме организациската палка на ракометниот турнир во Струга зацртавме план на подобрување на условите на теренот, трибинскиот простор и сите пропратни работи. За таа цел лани ги реконструиравме оградите околу стадионот, а сега го санираме теренот ставајќи нова асфалт подлога, која ќе биде потпора на тарафлексот и ќе нуди подобра престава на ракометарите учесници на турнирот во Струга –
рече Сашо Србиноски.

Од организацискиот одбор најавуваат дека развивањето на инфраструктурата на теренот во Струга нема да застане, него ќе добие модерен ракометен центар.

– Наредната година главна цел ни е изградба на јужна трибина, на која ќе има посебно место за медиумите, а под трибинскиот простор ќе биде наменет за ракометарите и стручниот штаб – заврши Сашо Србиноски.

Турнирот во Струга почнува на 14 август, а финалето е закажано за три дена подоцна односно на 17 август. Учество ќе земат македонските преставници Металург, Вардар и Струга, француските Иври и Версај, романската Констанца и Брест Мешков.

Мх.П.