Екипата на Хоризонт Турново и следната сезона ќе биде дел од елитното фудбалско друштво откако во бараж двомечот беше подобар од Гостивар со вкупен резултат (3-1).


Решавачки фактор за опстанок во Првата лига за турновци беше победа 2-0 во вториот натпревар по ремито 1-1 во првиот дуел одигран на неутрален терен во Пробиштип.

Херој на Турново беше Сашко Пандев, кој во првиот дел успеа два пати да ја погоди мрежата на гостиварчани и да обезбеди нова сезона во елитата.

За директен пласман во Првата лига од Втората се изборија Шкупи и Младост од Царев Двор.

Ohridnews