Група од петнаесетина турски бизнисмени, членови на комора на млади претприемачи на Турција, денеска ќе ја посетат Општина Охрид.
 
Во рамки на нивната посета, Стопанската комора на Македонија организира Македонско-турски бизнис-форум, со цел остварување билатерални деловни средби со македонски компании, кои би се јавиле како нивни потенцијални деловни партнери.
 
По завршувањето на официјалниот дел на Бизнис-форумот, планирани  се билатерални разговори меѓу компаниите од повеќе стопански  сектори: електрика и електроника, логистика, накит, консултантски услуги, автоделови, патнички превоз, обувки и кожа и друго.
 
Средбата ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид.