Висока турска делегација предводена од Амбасадорот на Р. Турција во земјава Н. Е. Фатих Улусој и Почесниот конзул во Охрид Абдурахим Бајрактар беа во работна посета на Општина Охрид.

Се разгледуваа можностите за изградба на објект со поставки каде што тие би биле изложени за пошироката јавност како интересна туристичка понуда. Двете страни се сложија дека неопходна е реконструкција на централната зграда од ООУ „Братство Единство“, проект кој требаше финансиски да биде поддржан од ТИКА, а Локалната власт по налог на градоначалникот веднаш ја среди потребната документација и одобрението за градба. На состанокот се најави и средба меѓу градските власти и претставници од ТИКА со цел да се забрза очекуваната реконструкција за која градоначалникот даде „зелено светло“, посочуваат во соопштението.

OhridNews











