Група бизнисмени од Истанбул, Турција, престојува во работна посета на Охрид. Тие вчера остварија средба со градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, на која станало збор за можностите за инвестирање во хотелиерскиот бизнис. Градоначалникот Бакрачески ги запознал турските бизнисмени со локациите за градење на охридското крајбежје и условите кои Република Македонија и општина Охрид ги нудат на потенцијалните странски инвеститори.


Гостите од Истанбул најавија дека нивните компании се подготвени веднаш да инвестираат во Охрид, по целосното разгледување на условите и процедурата за инвестирање од страна на нивните стручни тимови, информираат од локалната самоуправа.

OhridNews