Претставници на холдинг компанијата „ Ремовагруп“ од Анкара – Турција  денеска, остварија средба со градоначалникот Александар Петрески  и дел од општинската администрација. Притоа, тие изразија интерес за инвестирање во Охрид. Госите посебно се интересираа за инвестирање во туризмот , високоградбата, инфраструктурата и за проекти со јавно- приватно партнерство.


Градоначалникот и стручните служби на локалната администрација  на потенцијалните инвеститори им ги презентираа проектите за изградба на елитни хотели, катни гаражи, трговски центар, автобуска станица,  како и за објекти од областа на индустријата.

OhridNews