Фудбалските гиганти од Турција, Галатасарај и Фенербахче продолжуваат со купувањето на ѕвучни играчи кои доаѓаат од Премиер лигата.


„Фенер“ по официјализирањето на трансферот на португалскиот репрезентативец Нани, пред договор се наоѓа со уште фудбалер од Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси.

Двата клуба ги договориле условите, а за да се потврди трансферот треба Холанѓанецот да ги договори личните услови со Фенербахче.

Шампионот на Турција, Галатасарај го промовираше Лукас Подолски кој во Истанбул дојде од тимот на Арсенал, а минатата сезона ја мина во Интер како позајмен фудбалер.

Со овие трансфери и уште неколку кои се најавуваат турските клубови подготвуваат плодна сезона во Лигата на Шампиони.

Ohridnews