Турската полиција успеа да го пронајде и уапси виновникот, кој до смрт со нож го прободе навивачот на Црвена Ѕвезда, Марко Ивковиќ.
Се работи за 53-годишен човек Кадри Акташ, кој живее блиску до арената на Галатасарај каде се случи меѓусебната пресметка на турските и српските навивачи.
Тој е уапсен кога од Истанбул преминувал во Анталија за да се сокрие по убиството кое го изврши пред кошаркарскиот меч меѓу Галатасарај и Црвена Ѕвезда во Евролигата.
При распрашувањето Акташ рекол дека нападот со нож кон навивачот на „црвено белите“ го извршил во самоодбрана.
Ohridnews