Туристите од Турција, Грција и Србија биле најбројни во октомври годинава што ја посетиле Македонија. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристи од Турција изнесувал 5.938, од Грицја 4.824 и од Србија 3.199.
Скопје го посетиле 21.477 туристи, кои оствариле 42.851 ноќевање.
Вкупниот број туристи во октомври годинава годинава изнесува 61.655, а бројот на ноќевањата 142.503. Споредено со октомври лани, бројот на туристите е намален за 0,7 отсто, а бројот на ноќевањата за 0,9 отсто.
Во октомври годинава, во однос на октомври лани бројот на домашни туристи е намален за 5 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 1,8 отсто. Во истиот период евидентирано е намалување на бројот на ноќевањата на домашните туристи за 6,7 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 3,5 отсто.
Во периодот јануари-октомври 2015 година, споредено со истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 10,1 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 4,7 осто, а кај странските има зголемување за 14 отсто.
Во периодот јануари-октомври 2015 година, во однос на истиот период лани бројот на ноќевањата е зголемен за 8,4 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 5,6 отсто, а кај странските има зголемување за 12,5 отсто.
OhridNews