Прославениот европски тренер Еторе Месина ќе ја предводи репрезентацијата на Турција на Евробаскетот во Словенија годинава.

Италијанецот и турската кошаркарска федерација по долги преговори најдоа заеднички јазик и потпишаа договор за соработка.

На континенталниот собир вкупно тројца италијански стратези ќе водат селекции, покрај Италија и Турција, Италијанец на кормилот имаат јужните соседи.

Турција во групата на ЕП се наоѓа заедно со Финска, Шведска, Грција, Русија и Италија.

Мх.П.